Редовен програмски и административен надзор врз ТВ Ера и ТВ 24 Вести

Скопје, 19.07.2019г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен програмски и административен надзор врз работата на ТВ Ера и ТВ 24 Вести.

Надзорот покажа дека на програмскиот сервис на ТВ 24 Вести емитуван на 3 јуни 2019 година, спонзорираната програма „Б. (Б со точка)“ преку посебно промотивно препорачување на стоки и услуги на спонзорите потикнуваше нивно купување или изнајмување, што е спротивно на член 54 став 1 од ЗААВМУ. Кај ТВ Ера не се констатирани прекршувања.

Извештаите се достапни на следните линкови:

ТВ 24 Вести – (член 54 став 1 од ЗААВМУ) – 19.07.2019

ТВ Ера – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 19.07.2019

ТВ Ера – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94) – 19.07.2019




Редовен програмски надзор врз ТВ 24 Вести, ТВ М, ТВ МТМ, ТВ Стар и ТВ Студио Тера

Скопје, 18.07.2019 – Врз  телевизиите ТВ 24 Вести, ТВ М, ТВ МТМ, ТВ Стар и ТВ Студио Тера, Агенцијата изврши редовен програмски надзор за повеќе законски обврски.

При надзорот врз ТВ 24 Вести на 3 јуни, утврдено е рекламирање на поделен екран при што меѓу двете (поп-ап) реклами на поделен екран не беше запазено растојание од најмалку 15 минути, додека кај ТВ Стар со надзорот извршен на 5 јуни, се утврди не емитување најмалку 30% изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела.

Кај ТВ Тера, надзорот извршен на 4 јуни покажа непочитување на обврските за емитување 30% изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела во периодот од 7.00 до 19.00 часот, обврските за употреба на јазикот во програмата, како и рекламирање на поделен екран спротивно на ЗААВМУ, при што меѓу двете (поп-ап) реклами на поделен екран не беше запазено растојание од најмалку 15 минути.

Извештаите се достапни на следните линкови:

ТВ 24 Вести – (прекршување на член 98 став 2 од ЗААВМУ – член 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники) – 18.07.2019

ТВ М – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 18.07.2019

ТВ МТМ – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 18.07.2019

ТВ Стар – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 18.07.2019

ТВ Стар – (прекршување на член 92 став 1 од ЗААВМУ) 18.07.2019

ТВ Студио Тера – (член 98 став 2 од ЗААВМУ – член 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники ) – 18.07.2019

ТВ Студио Тера – (член 92 став 3 од ЗААВМУ) – 18.07.2019

ТВ Студио Тера – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 18.07.2019

 




ЈА ПОЗНАВА ЛИ ЗНМ НАДЛЕЖНОСТА НА АВМУ?

Скопје, 18.07.2019 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е непријатно изненадена од денешното соопштение на Здружението на новинари на Македонија во кое тенденциозно се сугерира дека Агенцијата не постапила во врска со можната злоупотреба на 1 ТВ за нелегални активности.

Дејствувањето на Бојан Јовановски и евентуалната злоупотреба на медиумот од негова страна се предмет на постапување на обвинителството, судството, финансовата полиција, а не на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, којашто го следи почитувањето на законите за медиуми. Во овој контекст, Агенцијата континуирано врши надзор врз радиодифузерите, при што правилата за сопственичка структура не се исклучок. На 4 јули, донесена е одлука за поведување постапка за проверка на сознанијата дали Бојан Јовановски е сопственик на 1 ТВ, односно дали е нејзин таен содружник. Постапка (во февруари) беше поведена и поради именување на сопругата на еден од основачите на 1 ТВ за носител на јавна функција. Јавни реакции беа упатени и поради прекршување на програмските стандарди и заканите кон новинарка од друг медиум поради нејзините критики за емисија што се емитуваше на 1 ТВ.

Законите за медиуми не му даваат надлежност на регулаторот да го испитува потеклото на капиталот. Оттаму, Агенцијата е зачудена од барањето на ЗНМ да се спроведе итен вонреден надзор со цел да се утврди дали телевизијата 1ТВ ги има прекршено одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и имајќи го предвид претходно наведеното, нејасно е што се очекува да се констатира со надзорот.

Секое поинакво прикажување на надлежностите и работењето на Агенцијата во јавноста, не е ништо друго туку само уште еден во низата обиди за нејзина дискредитација, чија цел е да се оправда општиот неуспех на сите релевантни чинители во медиумската сфера за да се создаде поволен амбиент за работата на медиумите.

Агенцијата во повеќе наврати повторуваше дека кадровските промени не се решение за состојбата во медиумите туку дека е потребно заедничко дејствување и на регулаторот и на ЗНМ, синдикатот, Советот за етика, медиумските работници.




Извршен административен надзор врз ТВ 24 Вести, ТВ М, ТВ МТМ, ТВ Стар и ТВ Студио Тера

Скопје, 18.07.2019 – Агенцијата спроведе редовен административен надзор врз ТВ 24 Вести, ТВ М, ТВ МТМ, ТВ Стар и ТВ Студио Тера, за обврските за објава на импресум, информации достапни до корисниците и идентификација на радиодифузерот.

Со извршениот надзор констатирано е дека сите радиодифузери постапиле согласно законските одредби.

Извештаите се достапни на линковите подоле:

ТВ 24 Вести – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 18.07.2019

ТВ М – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 18.07.2019

ТВ МТМ – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 18.07.2019

ТВ Стар – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 18.07.2019

ТВ Студио Тера – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 18.07.2019




Извршен контролен програмски надзор врз операторот СПАЈДЕР-НЕТ

Скопје, 18.07.2019г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролен програмски надзор врз операторот СПАЈДЕР-НЕТ од Гевгелија, за да се утврди дали операторот постапил по мерката јавна опомена упатена заради реемитување на програмски сервиси кои не се регистрирани во Агенцијата, согласно член 141 од ЗААВМУ.

Надзорот покажа дека операторот СПАЈДЕР-НЕТ во целост постапил по решението упатено од Агенцијата.

Извештајот е достапен на линкот:

 СПАЈДЕР-НЕТ – (член 141 од ЗААВМУ) – 18.07.2019




Седница бр.28 – 24.07.2019 година во живо на YouTube

Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 28-та седница ја закажува за 24.07.2019 година (среда), со почеток во 15:00 часот.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 27-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 10.07.2019 година.
  2. Предлог-одлука со која се забранува промена во сопственичката структура на ТРД РАДИО СВЕТИ НИКОЛЕ ДОО Свети Николе.
  3. Предлог-одлука за поведување постапка за утврдување на постоење недозволена медиумска концентрација, по службена должност, кај ТРД РАДИО СВЕТИ НИКОЛЕ ДОО Свети Николе.
  4. Предлог за покренување постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД МХ-РАДИО Охрид.
  5. Предлог-одлука за потреба од јавна набавка-услуга: Истражување-анализа на родовите прашања и на начинот на прикажување и претставување на жените и мажите во програмите на радиодифузерите.
  6. Предлог-одлука за потреба од јавна набавка-услуга: Одржување на системот за мониторирање на РА и ТВ сервиси и надзор над операторите на јавна електронска комуникациска мрежа.
  7. Разно.



Редовен програмски и административен надзор врз Наша ТВ

Скопје, 18.07.2019г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен програмски и административен надзор врз работата на Наша ТВ за повеќе законски обврски.

Надзорот покажа дека во неколку емисии емитувани на 3 јуни 2019 година, не се објавени податоците за импресум, додека играната програма “Stand up Macedonia –  Умри машки 1 – Ај контакт” (хумор/сатира) беше емитувана со погрешна предупредувачка сигнализација. На истиот датум времетраењето на рекламирањето, во неколку наврати изнесуваше повеќе од 12 минути на еден реален час, во програмата „Ориент експрес“ беа пласирани производи без да биде јасно означено дека програмата содржи пласирање производи, додека во две изданија на емисијата „Помагачот“ не беше означено дали станува збор за спонзорирана програма односно спонзорите не беа јасно идентификувани. Во емисиите „Профит“ и „Помагачот“ емитувано е рекламирање на поделен екран, при што меѓу двете (поп-ап) реклами на поделен екран не беше запазено растојание од најмалку 15 минути.

Извештаите може да се преземат на следните линкови:

Наша ТВ – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 17.07.2019

Наша ТВ – (прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 17.07.2019

Наша ТВ – (прекршување на член 100 став 1 од ЗААВМУ) – 17.07.2019

Наша ТВ – (прекршување на член 55 ставови 5 и 7 од ЗААВМУ) – 17.07.2019

Наша ТВ – (прекршување на член 54 став 2 од ЗААВМУ) – 17.07.2019

Наша ТВ – (прекршување на член 98 став 2 од ЗААВМУ) – 17.07.2019




Вонреден административен надзор врз Радио Аљбана Плус и МХ – Радио

Скопје, 17.07.2019 – По службена должност, вонреден административен надзор е извршен врз радио Аљбана Плус од Куманово за да се утврди дали е извршена промена на сопственичката сруктура без истата да биде одобрена од Агенцијата. При надзорот е утвдено прекршување на членот 41 ставови 1 и 2 од ЗААВМУ.

Вонреден надзор по службена должност е извршен и врз МХ – Радио од Охрид, за обврските од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и ТВ емитување, каде беше утврдено дека радиото не ги исполнува минималните кадровски услови, утврдени во Правилникот.

Извештаите од надзорите се достапни на линковите:

Аљбана Плус (член 41 ставови 1 и 2 од ЗААВМУ) – 16.07.2019

МХ – Радио (член 9 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и ТВ емитување) – 15.07.2019




Редовен програмски надзор врз ТВ 24 Вести, Наша ТВ и ТВ М

Скопје, 16.07.2019 – За обврските за употреба на јазикот во програмата, дневно емитување најмалку 12 часа програма на телевизија и емитување изворно создадена програма, редовен програмски надзор е извршен врз ТВ 24 Вести, Наша ТВ и ТВ М.

Надзорот покажа дека сите телевизии постапиле согласно законските обврски.

Извештаите од надзорите се достапни на линковите:

ТВ 24 Вести (член 64, член 90, член 92 став 1 и 3 од ЗААВМУ) – 16.07.2019

Наша ТВ (член 64, член 90, член 92 став 1 и 3 од ЗААВМУ) – 16.07.2019

ТВ М (член 64, член 90, член 92 став 1 и 3 од ЗААВМУ) – 16.07.2019

 




Контролен административен и програмски надзор врз 1 ТВ и ТВ Шења

Скопје,16.07.2019г. – Агенцијата изврши контролен административен и програмски надзор врз 1 ТВ и ТВ Шења за да утврди дали е постапено по Решенијата за преземање мерка-јавна опомена, претходно упатени од Агенцијата, за различни законски обврски.

Со надзорот е констатирано дека радиодифузерите постапиле согласно законските одредби од Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услгуи.

Извештаите се достапени на следните линкови:

1 ТВ – (член 64 од ЗААВМУ) – 16.07.2019

1 ТВ – (член 14 од ЗМ) – 16.07.2019

ТВ Шења – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 16.07.2019

ТВ Шења – (член 14 од ЗМ) – 16.09.2019