Picking out the Tennessee Titans' controlling owner is very easy at training camp. Look for the woman wearing the red ball cap.Amy Adams Strunk, who took Derrick Henry Jerseys over the NFL franchise her father founded in 1960, spent time Tuesday signing autographs and posing for photos. Eddie George Jerseys Becoming comfortable as the face of Tennessee ownership took some time for a woman who calls herself a country girl at heart. Fans were demanding to know more about her before trusting the Titans with their hard-earned cash."It was daunting in the beginning," Strunk said. Kendall Wright Jerseys "There was a lot to do, a lot to fix. We had to get the team going in the right direction again, so I laid low for a while. I guess you could say I'm out now."Bud Adams Delanie Walker Jerseys died in October 2013 at the age of 90 , leaving the Titans to his family. Marcus Mariota Jerseys Tommy Smith, married to Strunk's sister Susie, was named Titans' president and chief executive officer later that same month. But Smith fired coach Mike Munchak after a 7-9 season in 2013 and hired Ken Whisenhunt, who went 2-14 in his first year on the job in 2014.Smith retired as team president in March 2015, and after growing up watching her father conduct football business at the breakfast table, Strunk took over as controlling owner and as co-chair of the board of directors with her sister. She also owns a farm and oil and gas company in Texas."I didn't see myself ever in this position," Strunk said. "I just had my opinions, kept them to myself as a smart daughter does at times. I don't want to say you learn by osmosis. That's silly. But being around this your entire life, this just wasn't like a new thing to me."Strunk watched as the Titans drafted Marcus Mariota at No. 2 overall only to stumble to a 1-6 start. After the Titans gave up seven sacks in Houston where this franchise spent so many decades, Strunk fired Whisenhunt on Nov. 3 and made tight ends coach Mike Mularkey interim coach.When the season ended, Strunk interviewed Mularkey along with three other candidates. She then decided to keep Mularkey two days after hiring Tennessee native Jon Robinson as a first-time general manager.

header logo

  • koi sme niee
  • sto rabotime
  • Server sala
  • Server sala 1
  • 55

MK Radiodifuzeri

OJEKM MK

Pecateni mediumi MK

Медиумската писменост преку зборовите на Медиана (видеа)

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста продуцираше пет едукативни видеа во кои се обработуваат различни сегменти на медиумската писменост. Како главен лик е избрана младата ју-тјуберка Изабела Пан (Изабела Јакимовска), која во улога на Медиана, на еден симпатичен начин ги доловува основните концепти на медиумската писменост; советува како одговорно да се однесуваме во онлајн сферата, како да се детектираат лажни вести, што е (новинарска) вест, и секако - како може да ги употребиме медиумите за да направиме позитивна промена во општеството. Видеата се наменети првенствено за младата популација, но се интересни и за пошироката јавност, бидејќи се наменети за подигнување на свеста за прашања од јавен интерес

АВМУ ги постави овие видеа на својот YouTube канал од каде секој може слободно да ги преземе и да ги користи – и граѓаните кои би сакале да ги гледаат и телевизиите кои можат да ги емитуваат на својата програма. Станува збор за следниве видеа:

1. Медиумска писменост 

2. Онлајн живот 

3. Точни и проверени информации 

4. Што е вест 

5. Ангажирана публика 

Видеата се изработени во рамки на проектот „Коалиција за медиумска писменост“ што го реализира Високата школа во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „Нова Македонија“, со поддршка на Европската Унија.


Авантурите на Јове и на албански јазик

Веќе познатите спотови на ЕАВИ за авантурите на момчето Јове, или Џек, низ медиумската писменост, се достапни и на албански јазик. Продуцирани се од страна на граѓанските здруженија Конеду глобал и Метаморфозис, со финансиска поддршка на Британската амбасада

Авентура во медиумска писменост - Албански 

За свесноста- Албански


Мрежа за медиумска писменост на РМ

Мрежата за медиумска писменост на Република Македонија е создадена со цел да ги олесни комуникацијата и консултацијата меѓу различните субјекти во земјава кои работат на подигнувањето на нивото на медиумската писменост на сите граѓани. Таа треба да придонесе за почеста соработка меѓу релевантните чинители и за подобри и поодржливи резултати од проектите.

Мрежата има 35 членки (јавни институции и министерства, граѓански организации, образовни установи и радиодифузери), и е континуирано отворена за нови членови - потребно е само да се прифати Актот за формирање и да се достави во АВМУ потпишана Пристапница.

Мрежата е предвидена со Програмата на АВМУ за поттикнување на медиумската писменост во Република Македонија 2016-2018. Нејзиното формирање го иницираше Агенцијата, но Мрежата им припаѓа на сите и ќе биде онолку успешна колку што сите ќе бидат подготвени да ја користат.


Истражување на медиумската писменост кај возрасната популација во Република Македонија

Кон крајот на 2016 година, за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беше изработено Истражување на медиумската писменост кај возрасната популација во Република Македонија.

Истражувањето беше реализирано преку интервју „лице-во-лице“, спроведено на територија на Република Македонија на репрезентативен примерок од 1523 испитаници од популација на возраст од 16 и повеќе години. Генералните наоди се достапни на следниот линк:

Истражување на медиумската писменост кај возрасната популација во Република Македонија

Поединечни резултати - со одговори за секое од прашањата разделени според демографските карактеристики - се достапни на следниве линкови:


Програма за поттикнување на медиумската писменост во Република Македонија

Во насока на развој и промоција на медиумската писменост во РМ, Агенцијата, со експертска поддршка, изработи Програма за поттикнување на медиумската писменост во Република Македонија. Основните цели на Програмата се да се подигне свеста за концептите за медиумска писменост, да се придонесе кон разбирањето на медиумската писменост од страна на граѓаните, да се подобрат условите за граѓанско и демократско учество. Програмата за поттикнување на медиумската писменост во РМ може да се преземе на следниот линк:

Програма за поттикнување на медиумската писменост во Република Македонија


Видео спот - „За свесноста, што правам јас“

CaptureАгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за македонската публика адаптираше уште еден видео спот кој е посветен на медиумската писменост, од циклусот спотови на меѓународната организација ЕАВИ, со наслов „За свесноста, што правам јас“.

Видео спотот беше презентиран на јавниот состанок на Агенцијата кој се одржа на 29 декември 2016 година, и истиот е достапен на следниот линк:

Спот - „За свесноста, што правам јас“


Видео спот - „Авантура низ медиумската писменост“

jove 1Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја обработи македонска верзија на анимираниот спот за авантурата на момчето Џек кое стана Јове.

Спотот беше обработен од страна на  вработени од Агенцијата како и од г-динот Зоран Петров од РА Антена 5 кој го позајми својот глас за ликот Јове. Спотот е насловен како „Авантура низ медиумската писменост“ и истиот можете да го преземете на следниот линк:

Спот - Авантура низ медиумската писменост


Видео спот - „Каде е Горан?“

АгенцGoran 1ијата за аудио и аудиовизуелни медиуски услуги направи и адаптирана македонска верзија на спотот „Каде е Клаус?“ на германската организација klicksafe.de, чиј превод го направија вработени од Агенцијата, додека нахсинхронизацијата и титлувањето го реализираше ТВ Сител. Целта е уште еднаш да се сврти вниманието на родителите кон фактот дека во РМ постои софтвер, кој можат да го искористат за ефикасна контрола врз Интернет - содржините до кои пристапува нивното дете. Спотот „Каде е Горан?“ може да се преземе на следниот линк: 

Спот - Каде е Горан?


Активности на други субјекти поврзани со медиумската писменост

Прирачник за Заштита на личните податоци и медиумите

Во рамките на проектот „Заштита на личните податоци и медиумите“ финансиран од ИПА ТАИБ 2012 програмата од Европска Унија со поддршка на Дирекцијата за заштита на личните податоци е изработен Прирачник - Заштита на личните податоци и медиумите. Истиот е достапен на следниот линк


Активен ангажман на сите релевантни чинители е неопходен за унапредување на медиумската писменост

На 28 и 29 март во Скопје во организација на Македонскиот институт за медиуми се одржа регионална конференција „Медиумската писменост и образовните потреби на новинарите и на јавноста“.

Конференцијата се организираше во рамки на регионалниот проект „Партнерство за развој на медиумите во Југоисточна Европа“, кој го спроведува Центарот за независно новинарство од Романија во соработка со осум медиумски организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија и Бугарија, а со поддршка од Европската Унија.


Истражување за образовните потреби на новинарите и за медиумската писменост на публиката

На 1 декември 2016 во Македонскиот институт за медиуми (МИМ) се одржа панел-дискусија, на која беше презентиран извештајот од „Истражувањето за образовните потреби на новинарите и за медиумската писменост на публиката“, што го спроведе тимот на МИМ, како дел од регионалниот проект „Партнерство на Југоисточна Европа за развој на медиумите.

„Истражувањето за образовните потреби на новинарите и за медиумската писменост на публиката“ е достапно на следниот линк


Водич за родители за заштита на приватноста и личните податоци на децата на интернет

Во интерес на заштита на детската популација од пристап кон недолични содржини и комуникации, како и од злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи, Дирекцијата за заштита на личните податоци и Метаморфозис, Фондација за интернет и општество и средните училишта на Град Скопје, изработија Водич за родители за заштита на приватноста и личните податоци на децата на интернет.

Агенцијата го објавува линкот до Прирачникот како дел од соработката чија крајна цел е создавање мрежа од релевантни чинители кои ќе соработуваат за подигнувањето на нивото на медиумската писменост на граѓаните во Република Македонија. Прирачникот може да се преземе на следниот линк:

Водич за родители за заштита на приватноста и личните податоци на децата на интернет


Грантови за поттикнување на медиумската писменост (рокот за аплицирање заврши на 28.10.2016 година)

Конференција „Медиумската писменост како предуслов за активно граѓанство“

 

 

 

 

izborimk

STRATEGIJA 2018 2022

MK Inforaci od javen karakter 3

pretstavkamk

mediumskapismenostmk

odgovorispravkamk

slika-4f-copy

licasosetilnapoprecenost

mk

zakon-avmu-mak

zm-mak