Сите материјали поврзани со мониторингот на изборното медиумско претставување на радиодифузерите
се достапни во банерот „Избори 2024“.

 

Седница бр.20 – 02.05.2024

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 20-та седница ќе ја одржи на 02.05.2024 година (четврток), со почеток во 13:00…

Извршен вонреден административен надзор врз 40 телевизии

Скопје, 30 април 2024 – За да се констатира дали некој радиодифузер извршил промена во сопственичката структура без претходно да ја извести Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и пред истата да биде одобрена од страна на Агенцијата, извршен е вонреден административен надзор врз 40 телевизии

Редовен административен надзор врз сите 99 радиодифузери коишто емитуваат телевизиска или радио програма

Скопје, 30 април 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз сите 99 радиодифузери коишто емитуваат телевизиска или радио програма, за обврската до 31 март на посебен образец пропишан од страна на Агенцијата, да и достават податоци за сопственичката структура, одговорниот уредник/уредници, изворите на финансирање во претходната година (реклами, спонзорство, продажба на содржини, услуги обезбедени на трети страни и слично), остварените вкупни приходи и расходи во претходната година од обезбедувањето на дејноста и за просечната гледаност или слушаност во претходната година.

Пречистен текст на Упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарните избори 2024

Скопје, 26 април 2024 – Советот на Агенцијата на вчерашната 19-та седница, донесе Упатство за измена и дополнување на Упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарните избори 2024.

Извештај од надзор над изборното медиумско претставување на ТВ Клан Мацедониа

Скопје, 25 април 2024 – При надзорот над изборното медиумско претставување на програмата на ТВ Клан Мацедониа, емитувана на 23 и 24 април 2024 година, Агенцијата констатираше прекршување на член 76-б став 3, а во врска со член 69-а став 2 од Изборниот законик.

Надзор над изборното медиумско претставување на ТВ Клан Мацедониа

Скопје, 23 април 2024 – При мониторингот над изборното медиумско претставување на програмата на ТВ Клан Мацедониа, емитувана во периодот од 4 до 22 април 2024 година, Агенцијата констатираше прекршување на член 75 став 1, а во врска со член 75 став 4 алинеја 1 од Изборниот законик.

Мапа на сајтот



Accessibility

Accessibility