header logo

  • koi sme niee
  • sto rabotime
  • Server sala
  • Server sala 1
  • 55

MK Radiodifuzeri

OJEKM MK

Pecateni mediumi MK

Надлежности на Агенцијата
PDF
Печати
Е-пошта

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е самостојно и независно непрофитно регулаторно тело со статус на правно лице со јавни овластувања.

Согласно со член 6 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Агенцијата ги има следниве надлежности:

- се грижи за обезбедување на јавност во работата на радиодифузерите;

- се грижи за заштита и развој на плурализмот на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, охрабрува и подржува  постоење на разновидни, независни и самостојни аудио и аудиовизуелни медиумски услуги;

- презема мерки во согласност со овој закон во случаите кога е извршена повреда на одредбите на овој закон или на прописите донесени врз основа на него и условите и обврските од дозволите ;

- се грижи за обезбедување заштита на малолетните лица;

- ги донесува актите кои произлегуваат од овој закон;

- се грижи за заштита на интересите на граѓаните во областа на аудио аудиовизуелните медиумски услуги;

- утврдува постоење на недозволена медиумска концентрација;

- одлучува за доделба, одземање или продолжување на дозволите за телевизиско или радио емитување;

- презема мерки за времено ограничување на пренос и прием на  аудио и аудиовизуелни медиумски услуги  од други држави на територијата на Република Македонија согласно членот 45 од овој закон;

- донесува листа на настани од големо значење за јавноста на Република Македонија;

- поттикнува медиумска писменост;

- врши надзор согласно членовите 28, 29 и 30 од овој закон;

- ги води регистрите утврдени со овој закон;

- спроведува истражувања и анализи во врска со одделни прашања од областа на аудио  и аудиовизуелни медиумски услуги,

- врши мерење на гледаност или слушност на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите од Република Македонија;

- го пропишува начинот на мерење на гледаност или слушност на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите од Република Македонија и

- врши и други работи утврдени со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

 

izborimk

STRATEGIJA 2018 2022

MK Inforaci od javen karakter 3

pretstavkamk

mediumskapismenostmk

odgovorispravkamk

slika-4f-copy

licasosetilnapoprecenost

mk

zakon-avmu-mak

zm-mak